Делегација на ВМРО- ДПМНЕ, предводена од членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, заедно со претседателката на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска, и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, положи цвеќе пред гробот на револуционерот Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.
Денес се навршуваат 147 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, еден од носителите на идејата за слободна и независна Македонија и лидер на Македонската револуционерна организација. Делчев целиот свој живот го посветил на македонската револуционерна борба, нејзината самостојност и самобитност и создавање македонска самостојна држава.
ВМРО-ДПМНЕ на овој ден се сеќава и оддава почит на ликот и делото на еден од најголемите македонски великани, кој ширејќи ја својата борба и визија кај македонскиот народ за кратко време станал апостол и срцето на македонската револуционерна борба.
Гоцевите идеи и погледи беа водич за македонскиот народ во стремежот и остварување на сонот за слободна и независна држава. Токму затоа денес наша должност и обврска е да ја негуваме македонската култура и да ја заштитиме посебноста, сувереноста и независноста на Македонија.