Многу луѓе во одреден период чувствуваат дека им недостига енергија за да го издржат денот. Како тоа да го постигнете, на едноставен начин?
Eден од најзначајните британски нутриционисти и автор на проект, советува како можете да го зголемите нивото на енергија во текот на денот.
1. Секојдневно вежбање
Најновото истражување покажува дека ви се потребни 13 минути за да направите ефикасен тренинг во текот на денот. Затоа, обидете се да вежбате барем еднаш дневно, тоа може да биде вежбање во теретана или едноставно да излезете на прошетка.
2. Внесување кофеин
Кофеинот може да ги подобри будноста на организмот и физичките перформанси. Пиењето кафе 45 до 60 минути пред вежбање ќе овозможи концентрацијата на кофеин во крвта да биде на врвот. Ефектите од делувањето можат да бидат долготрајни, но и да сметаат на спиењето, така што треба да се намали подоцна во денот.
3. Закрепнување
Квалитетниот сон во текот на ноќта е клучен за учење и паметење, управување со тежината и регенерација на мускулите. Храната која содржи протеини може да го подобри сонот, додека енергетскиот дефицит може да го намали квалитетот на сонот.
4. Испланирајте ги активностите за следната недела
Одвојте 15 минути секоја недела за да размислите за исхраната во изминатите неколку недели, сумирајте како генерално се чувствувате, дали сте поенергични и испланирајте активности за следните седум дена: што ќе јадете, кога ќе вежбате и слично.