Лавина ги затрупа Алпите, десетмина загинати скијачи

Најмалку десет скијачи загинале во лавини, што викендот ги зафатија француските, италијанските и австриските Алпи. Најголем број загинале во Долината Аоста во северозападна Италија, дури петмина, а едно лице се смета за исчезнато.

Исто така во лавина во Италија, загинало 18-годишно момче во покраината Болзано, во близина на австриската граница, а еден сноубордер се загушил под снегот во Ломбардија.

Во Франција едно лице настрадало во саботата во голема лавина во департментот Савој, скујајќи надвор ид уредените стази.

Во Австрија пак, двајца мажи, на возраст од 30 до 52 години, ги однела лавина во Корушка. Помладиот преживеал, а постариот загинал.

Лавина во Тирол однела десет скијачи на возраст од 17 до 59 години, но сите за среќа се извлекле од снегот.

Се случиле уште лавини, кои нанеле голема материјална штета, но нема повредени. Во регионот на Салзбург, снегот затрупал 25 куќи, а сообраќајот на автопатот Бренер бил во прекин. Во Италија имало неколкучасовен застој во колони долги над 12 километри.

Треба да знаете
Последни објави