Целосното повлекување на САД од Договорот за нуклеарни ракети од среден дострел не најавува почеток на нова студена војна, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
,,Не мислам дека работите се развиваат во насока на студена војна. Започна ново доба”, рече Лавров.
Русија во саботата го суспендира почитувањето на одредбата од договорот за контрола на нуклеарното оружје од времето на студената војна, откако САД соопшти дека се повлекува од тој договор, обвинувајќи ја Москва за негово кршење. Вашингтон соопшти дека за шест месеци целосно ќе се повлече од договорот постигнат во 1987 година со тогашниот Советски сојуз, ако Москва не престане со наводното кршење на спогодбата.