Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски доби нови 30 дена притвор. Кривичниот суд во петокот му го продолжи притворот на Атанасовски, кој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” во врска со настаните од 27 април во Собранието на РМ.
Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември минатата година по сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април”, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.
Атанасовски на чело на УБК застана на крајот на 2016 година, кога од функцијата си замина дотогашниот директор Сашо Мијалков.