Полицијата во два одвоени случаи вчера во Госстивар уапсила четворица дилери на марихуана, информираше МВР.
Според полицијата, од 19.30 до 20.50 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес на домот на Н.И.(36) на улица Кеј Вардар. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. Лицето било приведено во полициска станица. Исто така, во полициска станица бил приведен и Г.Н., кој било затекнат во куќата. При личен преглед, кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во вториот случај околу 18 часот на улица Беличица биле уапсени З.Х.(26) и Г.Е.(44) од Гостивар. При претрес кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.