Прегазен старец кај Куманово

Возач со автомобил удрил во пешак и тешко го повредил, вчера утрото на регионалниот пат Куманово-Свети Николе.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 5.30 часот. Возачот Д.М.(41) од Кратово, управувајќи автомобил „даеву тико“ со кратовски ознаки, удрил во пешакот В.Д.(85) од Куманово.  Од ударот В.Д.бил тешко повреден, по што бил однесен во Ургентниот центар Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Треба да знаете
Последни објави