НУ Турски Театар ќе ја изведе куклената детска претстава „Халифот Штрк“ во драматизација и режија на Дарко КОВАЧОВСКИ по мотивите на истоимената бајка на Вилхелм ХАУФА на 07.02.2019 г. (четврток) со почеток во 11.00 часот.
Драматизација и режија: Дарко КОВАЧОВСКИ, Сценограф: Надја ВАСИЛЕВА – КОВАЧОВСКА, Костимограф: Надја ВАСИЛЕВА – КОВАЧОВСКА, Кукли: Надја ВАСИЛЕВА – КОВАЧОВСКА, Асистент за изработка на кукли: Џејда ИБРАХИМ, Избор на музика: Дарко КОВАЧОВСКИ, Превод: Тезџан АХМЕДОВА.
Улогите ги толкуваат: ХАЛИФОТ: Аксел МЕХМЕТ, ВЕЗИРОТ: Фунда ИБРАХИМ, ПРИНЦЕЗАТА: Наџије КЕЧ, ПРИНЦЕЗАТА БУФ: Наџије КЕЧ, ХАЛИФОТ ШТРК: Аксел МЕХМЕТ, ВЕЗИРОТ ШТРК: Фунда ИБРАХИМ, ВОЛШЕБНИКОТ: Taмер ИБРАХИМ.
На 07.02.2019 г. (четврток) со почеток во 19.00 часот, НУ Турски Театар ќе ја изведе претставата за младинци АНА И ХАНА по мотиви на ДНЕВНИКОТ НА АНА ФРАНК во адаптација и режија на Драгана ГУНИН. Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија со титл на македонски јазик.
Сценографија: Беди ИБРАХИМ, Костимографија: Елена ВАНГЕЛОВСКА, Музика: Ади ИМЕРИ, Кореографија: Александра КОЧОВСКА НАЧЕВА.
Улогите ги толкуваат: АНА ФРАНК – Емине ХАЛИЛ, ХАНА – Жале ОСМАНЛИ, ХИРА – Инес РАДОНЧИЌ, ПЕТЕР – Хакан ДАЦИ, г-ѓа ФРАНК – Фунда ИБРАХИМ, г-дин ФРАНК (Пим) – Един ЈАКУПОВИЌ, г-ѓа ВАН ДАН – Зиба РАДОНЧИЌ, г-дин ВАН ДАН – Ријад ТАХИР, ПОЛИЦАЕЦ – Наџије КЕЧ.
-Драга Ана, Многу се радувам што се сретнавме. Немам одговор на многу твои прашања само се надевам дека бар во еден момент допревме до твојата приказна. Знам дека е тешко да се замисли ама фашизмот сè уште трае. Човештвото е во постојан пораз од себеси и оние на власт. Во еден момент се чини дека светот се распаѓа. Уште има војни, уште има кафези што бараат птици ама и птици што се борат за својата слобода. Постојат луѓе како тебе што го спасуваат и го прават поубав, потопол и похуман. Иако е сè потешко. На крај на ден и јас сакам да верувам дека луѓето се навистина добри во срцата. Твоја Драгана, Драгана ГУНИН, режисер на претставата.