Адеми: Македонија е една од најактивните членки во програмата за истражувања и иновации во Централна и Источна Европа

Министерот за образование и наука Арбер Адеми, оствари кратка работна средба со Генералниот секретар на Централно европската иницијатива, Роберто Антониони.

Како што информираат од надлежното министерство, на средбата било дискутирано за досегашната успешна соработка помеѓу Република Македонија и Централно европската иницијатива, како и за идните чекори кои се преземаат од страна на ЦЕИ.

Исто така, било истакнато дека Република Македонија е една од најактивните членки на ЦЕИ, што, како што оцениле соговорниците, е уште една потврда за заложбите на Министерството за образование и наука за придонес кон развој на науката и рамноправно партиципирање во научно-истражувачките проекти во регионот.

Централно европската иницијатива е најстара Рамковна програма за промоција на истражувањата, технолошкиот трансфер и иновации во Централна и Источна Европа. Според огранизационата структура како регионална соработка за европска интеграција и мост меѓу макро регионите, ЦЕИ претставува флексибилен начин на промоција на меѓувладина, интерпарламентарна и соработка во областа на бизносот, која одговра на новите развојни тенденции, велат од министерството.

Треба да знаете
Последни објави