Единствен што ќе биде поразен на изборите е СДСМ, кој бега од предвремени парламентарни избори затоа што му е страв од соочување со народот. СДСМ во изминатите две години спроведува антидржавна политика и во низа ги прекрши Уставот и законите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ и врхушката на оваа партија се прочитани од народот. СДСМ нема легитимитет ниту за спроведување на неуставниот закон за двојазичност ниту за промената на името на државата.
Граѓаните, наместо антидржавни политики, од власта очекуваа реален економски раст и развој, нешто што овие две години, додека СДСМ е на власт, воопшто не постои.
СДСМ не го испорача она што граѓаните го очекуваа. СДСМ ѝ нанесе само штети на државата, токму затоа СДСМ се плаши и бега од предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, затоа што знае дека ќе биде декласиран од народот“, велат од партијата.