Во Реал незадоволни од календарот пред натпреварот со Барселона

Во Реал Мадрид веруваат дека раководството на Примера постапи неправедно, бидејќи “Барселона” ќе добие дополнителен ден на одмор пред двата натпревара од полуфиналето на шпанскиот куп, информира Марка.

Првиот дуел е закажан за утре (6 февруари) на „Камп Ноу”. Барселона” пред оваа средба имаше натпревар со Валенсија (2:2) на 2 февруари, додека Реал Мадрид играше со Алавес (3:0) на 3 февруари.

Според раководството на Реал, Барселона ќе има предност со оглед на еден ден повеќе одмор.

Слична ситуација ќе се повтори и пред реваншот. Затоа во опција е и можноста натпреварот Леванте – Реал да биде презакажан за 23 февруари.

Треба да знаете
Последни објави