На граничниот премин Божај, на влезот во Црна Гора од Албанија, црногорските полицајци и цариници синоќа заплениле околу 17 килограми хероин и уапсиле 35-годишен албански државјанин, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Во внатрешноста на кабината на инструмент-таблата на камионот марка „даф“ пронајдени биле 18 пакувања хероин, додека во друг бункер во возилото порнајдени биле уште 12 други пакувања со истата содржина.
Уличната вредноста на запленетиот хероин се проценува на околу половина милион евра.