Македонски инспектори ја контролираа„Млекара Лесковац“ во Србија

Стручен тим од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во Лесковац, Република Србија реализира официјална посета и извршија инспекциска контрола на работењето на компанијата ,,ДОО за преработка и конзервирање на млеко  – Млекара Лесковац,,.

Станува збор за планирана активност на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство за контрола на објекти од трети земји од кои се увезува храна во Република Македонија.

Со цел проверка на исполнетоста на стандардите за увоз на млеко и производи од млеко од соседна Србија во нашата земја, официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, извршија контрола на усогласеноста на условите и работата на овој оператор со храна од Република Србија, со одредбите од нашиот Закон за безбедност на храна, Правилникот за посебни барања за храната од животинско потекло и Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службени контроли на млекото и млечните производи. Со контролите не се констатирани отстапувања од безбедносните критериуми за млекото и млечните производи кои во Република Македонија се увезуваат од лесковачката млекарница, односно млекото и производите од млeко кои се продаваат на македонскиот пазар,а се по потекло од овој објект се безбедни и квалитетни.

Во рамки на посетата на овој преработувачки капацитет за млеко, претставниците од АХВ остварија средба и со официјални лица од Управа за ветеринарство на Република Србија, на која од страна на претставниците на Агенцијата беше упатена официјална покана наскоро да се реализира возвратна посета, односно од нивна страна да се изврши контрола на објекти и оператори со храна од Република Македонија кои извезуваат храна од Република Македонија во Република Србија.

За тоа каква е здравствената состојба, благосостојбата на животните и условите каде се чуваат животните чие млеко се предава во оваа млекарница, претставниците од Агенцијата посетија фарма со 25 молзни крави во селото Белановце во близина на Лесковац за која храната за кравите се обезбедува од сопствено производство на 30 хектари земја.Стручнителицана АХВоценија дека благосостојбата на животните и условите за нивно чување на оваа фарма која има и сопствен вакуум систем за измолзување на кравите е добра. Претставниците од АХВ остварија средба и со надлежниот ветеринар кој е вклучен во реализацијата на Програмата за здравствена заштита на животните и контрола на зоонозите во овој регион од соседна Србија и кој редовно го следи здравствениот статус на животните на оваа фарма.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави