Папата Франциско и големиот имам Ахмед ал-Тајеб во понеделникот потпишаа заедничка декларација со која ги осудуваат убиствата, прогонит, тероризмот и угнетувањето извршени во име на Бога, пренесува „Ватикан њуз“.
„Бог Семоќниот нема потреба од ничија одбрана и не сака Неговото име да се користи за тероризирање на луѓето”, се вели во заедничката изјава.
Ватикан и египетската џамија и универзитет Ал-Азхар постигнаа договор за заеднички да се борат против екстремизмот. Потпишувањето се одржа во главниот град на ОАЕ, Абу Даби, а папата Франциско стана првиот папа што го посетил Арапскиот Полуостров.
Поглаварот на Католичката црква ја осуди логиката на вооружената моќ во Јемен, Сирија и во другите конфликти на Блискиот Исток, велејќи дека тие носат ништо друго освен страдања и смрт.
Шеикот Ахмед ал-Тајеб, големиот имам на џамијата Ал-Азхар, од своја страна, ги повика муслиманите на Блискиот Исток да ги прифатат христијаните, кои ги опиша како граѓани со целосни права и одговорности.
Папата се соочи со критики од Западот пред неговото патување поради улогата на ОАЕ во воената кампања во Јемен предводена од Саудиска Арабија