Институтот за човекови права денеска ќе го презентира вториот мониторинг извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за период од октомври 2018 до јануари 2019 година.
Извештајот, како што велат од Институт за човекови права, содржи информации за транспарентноста на Судскиот совет, изборот на судии и претседатели на судови, ефективноста во работењето и и останати информации што се однесуваат на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на работата на Судскиот совет на РМ.