Претседателот на Српската листа Горан Ракиќ изјави дека српскиот народ на Косово и Метохија со најголема сериозност и загриженост ги примил најновите закани со војна од страна на албанскиот градоначалник на јужниот дел на Косовска Митровица Агим Бахтири.
– Очекувам Кфор и Еулекс, во согласност со своите обврски од мандатот кој им е даден, да ја зголемат будноста и превентивно да дејствуваат за да не дојде до нарушување на мирот и безбедноста на граѓаните, затоа што вакви опасни закани за мирот во овој момент на високи тензии можат неповратно да ја нарушат ранливата стабилност која ја изградивме во невозможни услови со одговорно дејствување како претставници на српскиот народ, соопшти Ракиќ.
Тој нагласи дека како претставник на српскиот народ, порачува дека мирот е најголема вреднос за која се борат сите.
– Ние никогаш не сме, ниту ќе се закануваме на некого, но ако некој допре во нашите домови, во наша северна Косовска Митровица, тогаш ќе добие и соодветен одговор, истакна претседателот на Српската листа.
Градоначалникот на Јужна Косовска Митровица Агим Бахтири тврди дека ако во рамките на договорот меѓу Приштина и Белград „се допре градот Митровица”, „ќе дојде и до војна”