На подрачјето на Град Скопје изминатите 24 часа се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди од кои во три полесно се повредени четири лица. Во четири сообраќајки е причинета материјална штета.
Изминатото деноноќие санкционирани се 48 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени и 22 возачи пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца возачи почетници. Исклучени се и шест нерегистриран возила.
Сообраќајната полиција издала 81 казна за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 66 возила.
Според билтенот на СВР Скопје, евидентирани се и 28 возачи кои не носеле сигурносен појас и 13 возачи кои користеле мобилен телефон.
Во текот на денешниот ден, Одделението за превенција ќе реализира посебна воспитна поука за граѓани кои како пешаци сториле разни прекршоци.