Министерот Елвин Хасан на Евроазиски економски самит во Истанбул

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан, на 6-ти февруари оди во работна посета на Турција, каде што ќе присуствува на 22.  Евроазиски економски самит, кој се одржува во Истанбул.

Организатор на Евроазискиот економски форум е Мармара фондацијата, група за економски и општествени истражувања која има за цел унапредување на односите меѓу ЕУ и земјите од централна Азија и Блискиот Исток.

На самитот ќе учествуваат актуелни и поранешни претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, невладиниот сектор и бизнис заедниците, од 40-тина држави.

Министерот Елвин Хасан, освен што ќе присуствува на самитот, ќе се обрати на темата “Интегрирање на Р. Македонија во ЕУ и НАТО и можностите за инвестирање”, при што ќе ги презентира  поволностите за инвестирање во Македонија и  очекуваната подобрена економска клима што ќе следи со интегрирањето во НАТО и ЕУ.

За време на престојот во Турција, министерот има планирани средби со бизнис заедницата, меѓу кои и големи компании што покажале интерес за инвестирање во Македонија.

Треба да знаете
Последни објави