На денешната владина седница е разгледана и усвоена информацијата за оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година за кој во буџетот се издвоени рекордни 1,1 милијарда денари.
„Со оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување, кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места, особено на младите и корисниците на право на парична помош од социјална заштита“, соопшти владината прес служба.
Во врска со оваа точка, Владата ги задолжи Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука во рамките на програмите од сопствените ресори да обезбедат средства во износ од 4.500.000 денари за имплементација на активноста „втора можност“ во рамките на гаранцијата за младите во буџетот на Министерството за образование и наука.