Професорката Гордана Силјановска-Давкова, преку нејзиниот профил на Јутјуб, се обрати по повод кандидатурата за претседател на државата, од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.
„Ја барам поддршката од сите граѓани на Република Македонија, од конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и од други политички субјекти и актери. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во Репулика Македонија од глас на разумот, глас на правото, правдата и моралот, глас на вистинските европски вредности“, истакна Силјановска.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере својот фаворит на партиската конвенција на 16 февруари во Струга.
Силјановска вели дека размислила и ја прифатила иницијативата на неколку десетици интелектуалци кои јавно од неа побараа да се кандидира за претседател.