Албанец со фалсификуван пасош на Италија вчера утрото бил уапсен на граничниот премин „Аеродром Скопје“.
Според полицијата, Л.С.(23) од Република Албанија дошол на граничниот премин и се пријавил да патува со италијанска лична карта и италијанска здравствена картичка на име Т.Б.Ј.(20). По извршената контрола било утврдено дека тој не влегол во Република Македонија со наведената лична карта, по што бил извршен преглед над него и му била пронајдена албанска патна исправа на име Л.С.(23) од Aлбанија.
Во разговор со полициските службеници тој кажал дека италијанската лична карта и здравствена картичка ги купил во Албанија за 1.000 евра, а влез остварил со албанската патна исправа.
Албанецот бил предаден на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.