По близу триесет години самостојност, потпишувањето на Протоколот за прием во НАТО, за Република Македонија и за граѓаните е настан од непроценлива вредност за стабилноста, безбедноста и демократските перспективи на Македонија. Приемот на Македонија во НАТО е резултат на работата на сите досегашни влади, невладиниот сектор, медиумите и пред сè цврстата определба и многуте компромиси направени од сите граѓани.
Преспанскиот Договор со сите контроверзии, практично ги отвори вратите за членство во НАТО и Европската Унија. Започната е финалната фаза и до крајот на оваа година се очекува Протоколот за прием во НАТО на Република Македонија, да го ратификуваат дваесет и девет (29) земји членки на НАТО.
Демократскиот сојуз го поздравува овој чин и повикува на единство и сплотеност за Македонија да чекори напред.