За време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ноќеска тој го одржа во Конгресот, можеше да се забележи дека голем дел од пратеничките се облечени во бело.
Веднаш зад Трамп, во бело палто и блуза седеше претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, а пред него беа други пратенички исто така во бело.
Трендот на облекување во бело го почна Демократската женска работничка група, како знак на солидарност меѓу жените, бидејќи бела боја носеле жените пред стотина и повеќе години борејќи се за своите политички права.
Меѓу демократските пратеници, кои се придружија на „белата кампања“, беше и новоизбраната Александра Окасио-Кортез, која носеше бела наметка, како и Илан Омар, која носеше бел елек и пантолони.
Модната одлука на групата го нагласи контрасот меѓу двете партии во Конгресот. Првата дама Меланија Трамп и Иванка Трамп беа облечени во црни комбинации.