Аронијата често ја нарекуваат билка на иднината бидејќи има повеќекратна функција кога станува збор за нашето здравје. Таа помага во борбата против грипот, но исто така ја лекува анемијата и одржува добар имунитет.
Аронијата го прочистува телото од штетни материи и се користи како антиоксиданс, бидејќи спречува создавање на слободни радикали. Ова растение го забавува стареењето на организмот и спречува развој на хронични и нехронични болести.
Докторите препорачуваат секојдневна консумација на аронија, а може да се консумира како сок или едноставно да изедете неколку зрнца од истата.
Аронијата го одржува нормалниот притисок и лекува анемија. Почетоците на нејзиното користење како природен лек се поврзуваат со употребата на Индијанците, кои ја користеле против настинки.