Раководството на Челзи е непријатно изненадено од од изјавите на поранешниот голман Тибо Куртоа, кој сега настапува за Реал Мадрид.
Белгискиот голман го критикуваше директорот на клубот, Марин Грановски. Куртоа забележува дека Грановски не го поддржувал кога сакал да го напушти Челзи.
– Не е лесно да се преговара со Марин, но ова не е изненадувачки. Мислам дека има најтешка работа во фудбалот. Впрочем, тоа се однесува на сите кои се задолжени за договори, плати и трансфери, изјави Куртоа.
Во март, на состанокот, му кажав на Марина дека сакам да го напуштам Челзи. Животот во Лондон и распоредот на натпревари во Премиер лигата не ми дозволуваа да се гледам со семејството во Мадрид. Сепак, по Светското првенство, мојот трансфер одеднаш почна да се забавува. Играчите што клубот бараше да ме заменат беа премногу скапи, додаде Куртоа.
Покрај Реал и Челзи, 26-годишниот голман има брането и за Атлетико Мадрид и Генк.