Германското Министерство за надворешни работи денеска го честита потпишувањето на Пристапниот протокол на Република Македонија за членство во Северноатланската Алијанса, изразувајќи добредојде на новиот НАТО – партнер.
-Идната Република Северна Македонија е на патот да стане НАТО сојузник. Пристапниот протокол е потпишан сега очекуваме ратификација од секоја од земјите – членки. Благодарение на договорот за името меѓу Скопје и Атина со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде на новиот НАТО – партнер, стои на твитер профилот на германското МНР.