Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо изјави дека е среќен што својот 34-ти роденден го слави во Јувентус.
Роналдо досега има постигнато 19 погодоци на 30 натпревари за својот нов клуб и вели дека ужива да игра во Јувентус.
„Многу сум среќен што роденденот го славам во Италија, многу е убаво. Сакам да им се заблагодарам на сите навивачи на честитките и приемот кој го имам. Имам прекрасно искуство тука во Јувентус и среќен сум што играм во Италија“, изјави Кристијано Роналдо и додаде:
„Сите се однесуваат многу добро кон мене, посебно во Јувентус. Први сме на табелата и подготвени сме за следните натпревари“, изјави Кристијано Роналдо.