Шесткатна зграда се урна денеска во истанбулската населба Картал, при што загина најмалку едно лице, јави турскиот весник „Хуриет”.
Според турските медиуми, најверојатна причина за уривањето на зградата е експпозија.
На местото на настанот пристигнаа противпожарни екипи, амбулантни возила и полиција.
Се претпоставува дека под урнатините има најмалку четворица.