Новите податоци, изведени од три посебни истраги, отвораат сомнежи дека смртта на соул-музичарот Џејмс Браун во 2006 година, всушност била убиство.
Во 2006 година, смртта на Џејмс Браун беше заведена како „резултат на откажување на срцето“, но сега , јавува дека голем број лица, меѓу кои неговиот менаџер, вдовицата, неговиот син и неколку пријатели, бараат да биде отворена детална истрага со која ќе се открие што навистина е причината за смртта.
„Неговата состојба се промени многу брзо. Тој беше пациент за кој воопшто не бев загрижена, но почина таа вечер и ме натера да се запрашам: Што погрешно се случи во неговата соба тогаш?“, вели д-р Мартин Крофорд, кој ја потпиша неговата посмртница.
Докторот напомена дека му препорачал на семејството да се изврши аутопсија, но ќерката на музичарот, Јама Браун, решила да не го послуша неговиот совет. Кога беше запрашана зошто го направила тоа, таа не даде одговор за американска телевизија.
Истрагата започна во 2017 година, кога циркуска пејачка по име Жаклин Холандер контактираше еден локален новинар тврдејќи дека работела со Браун во 1980-тите и дека има информации за неговата смрт. Таа рече дека музичарот ја силувал и по инцидентот почнала да собира документи кои го поврзуваат Браун со неговите соработници. Телевизијта наводно прегледала повеќе од 1.300 пораки од телефонот на Холандер, заедно со десетици илјади страници од полициски и судски записи.
По смртта на третата жена на музичарот, Ејдриен Браун, во 1995 година додека таа се опоравуваше од корективна операција, еден нејзин пријател излезе со тврдење дека таа била убиена. Неколку дена пред нејзината смрт, таа му се јавила на адвокатот Роберт Харт и му рекла дека е исплашена поради нејзината безбедност.
Во 2017 година, по истражувањето на полицискиот службеник Линда Бенет, таа ја поврза смртта на Ејдриен со доктор кој наводно ја убил жената на Џејмс Браун со тоа што ѝ препишувал погрешни лекови. Докторот ја негираше вмешаноста во случајот.