Тачи: За конечен договор до Србија потребна е мала корекција на границата

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави во Вашингтон дека ,,мала корекција на границата” би била прифатлива за постигнување на конечен договор со Белград, пренесе приштинскиот портал Газета експрес.

,,Доколку мала корекција на границите би била цената за постигнување на конечен мировен договор, тогаш тоа би можело да биде прифатливо”, рече Тачи во говорот во Советот за надворешнополитички прашања во Вашингтон во присуство на стручњаци за регионални прашања.

Тачи рече дека езерото Газивода, Митровица и Трепча се ресурси за кои не се преговара. Според неговите зборови, Косово секогаш победувало кога делувало во координација со САД и додаде дека и покрај болните компромиси, конечниот исход секогаш бил во корист на Косово кога било во сојуз со САД.

Тачи вели дека Русија, која традиционално ја поддржува Србија, ветила дека ќе поддржи евентуално помитување меѓу Белград и Приштина.

Треба да знаете
Последни објави