Битолчанец паднал од кров и тешко се повредил, вчера во Битола. Според полицијата, несреќата се случила во 9.30 часот на улицата Новосадска, при изведување на лимарски работи на кров од куќа.
Во еден момент работникот К.Џ(33) од Битола, вработен во лимарска работилница, паднал од кровот и се здобил со тешки телесни повреди.
Тешкоповредениот со возило на Итна помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршила