Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јохнес Хан, преку својот профил на „Твитер“ го честита потпишувањето на протоколот за членство на Македонија во НАТО.
„Тоа е придонес за мирот и стабилноста на Западен Балкан и пошироко“, напиша Хан.
Претставниците на 29 земји членки на НАТО и македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел го потпишаа протоколот за пристапување на земјата во алијансата.