Раководител на ловиште дозволил да се убијат 333 грла на заштитен дивеч

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против В.Ч.(53) од Кочани за несовесно работење во службата, предвидено и казниво по член 353-в став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Истрагата утврдила дека пријавениот во периодот од 2015 до 2018 година, како раководител на ловиште во Подрачното шумско стопанство „Осогово“ – Кочани не со пропуштање на должен надзор несовесно постапил во вршење на своите овластувања и должности поради што дошло до значително намалување на бројната состојба на заштитениот дивеч во ловиштето во Кочани.

Со непреземање на должните дејствија, односно непреземање на потребните мерки за заштита и одгледување на дивечот во ловиштето, постапил спротивно на Законот за ловство, поради што дошло до намалување на 333 грла на заштитен  дивеч, утврдено од страна на пописна комисија од ПШС „Осогово“, со што го оштетил ЈП „Македонски шуми“- Скопје за 113.221.500 денари.

Треба да знаете
Последни објави