Косата е еден од главните императиви на секоја жена и вечен извор на инспирација … но и проблеми.
За да имаме здрава и убава коса, често користиме различни козметички препарати, но дали некогаш сте се запрашале дали има разлика во кој дел од денот ја миеме косата?
Стандардно, косата треба да се мие на отприлика секои три дена, но тоа секако варира од индивидуата и типот на косата. Миењето коса за некои е голем зафат бидејќи бара доста време за стилизирање или поради густината бавно се суши, но се поставува уште едно прашање, а тоа е во кое доба од денот е најдобро да се мие косата. Можеби досега не сте размислувале на тоа, но сега е вистинско време да обрнете внимание на тоа каква е вашата коса наутро откако сте ја измиле претходната вечер – веројатно ќе забележите дека косата која е измиена пред спиење е нешто помасна без оглед на тоа што сте ја освежиле. Вашето теме всушност не е значително помасно, туку му недостасува волумен и текстура, што може да создаде несакан ефект.
Кога ја миеме косата навечер, најчесто веднаш потоа легнуваме во кревет, а во тој случај влакното нема доволно време за самото да се исуши. Исто така, притисокот на перницата дополнително ја израмнува косата односно таа губи волумен и токму затоа наутро се будите со безживотна фризура на која мора да потрошите одредено време за да го вратите вашиот вистински изглед.
При миењето на косата во утринските часови или рано попладне е поинаква приказна бидејќи влакната имаат доволно време целосно и темелно да се исушат без оглед на тоа дали користите фен за коса или не. Доколку сепак немате време да го направите овој ритуал во претпладневните часови, обрнете внимание по вечерното капење да почекате барем половина час пред да ја ослоните главата на перница.