Линдзи Вон ќе се збогува со скијањето по спустот на СП

Американката Линдзи Вон одлучи трката во спуст на Светското првенство во Оре закажана за во недела да биде последна во нејзината професионална кариера.

 

Вон  имаше тежок пад во супервелеслаломот, но мина без сериозни последници и одлучи да настапи во нејзината омилена дисциплина – спустот.

– Се надевам дека ќе се опростам на вистински начин. Имам план со што да се занимавам по завршувањето на кариерата. Посакувам да станам успешна деловна жена како што бев и скијачка, изјави Вон.

Таа во кариерата стигна до 82 победи во Светскиот куп и четири големи кристални глобуси. Има и 16 мали кристални глобуси, злато од Олимписки игри и свестки првенства.

– Посакувам да им останам пример на помладите за тоа дека со посветена работа може да се остварат амбициите, додаде Вон.

Спустот в недела почнува во 12:30 часот.

Треба да знаете
Последни објави