Пејачот Ози Озборн (70), кој обожавателите го нарекуваат „татко на хевиметалот“, ја откажа турнејата низ Европа и заврши во болница поради грип, објави „Мирор“. Лекарите го советуваа рокерот да побара итен третман, бидејќи неговата состојба се влошила.
Неговата сопруга Шерон (66) ја потврди информацијата.
„Лекарите мислат дека престојот во болница е најдобриот начин брзо да закрепне. Ви благодарам на сите за грижата и љубовта“, напиша таа на социјалните мрежи. зи ги откажа плановите за турнеја низ Обединетото Кралство и Европа, така што нема да настапи во Нотингем, Манчестер и Глазгов со групата „Јуда Прист”. Причината се токму здравствените проблеми бидејќи има грип и бронхитис, па лекарите стравуваат да не добие пневмонија. Многу сум тажен што морам да го одложам европскиот дел од турнејата. Прво имав инфекција на палецот, а сега грип и бронхитис. Сакам да им се извинам на обожавателите кои ми беа верни сите овие години, на мојот бенд, на тимот и на „Јуда Прист”, бидејќи сите ги разочарав. Како и да е, ветувам дека ќе ја направам турнејата – рече Ози. Според плановите, концертите треба да започнат во септември.