Сообраќајната полиција во контролите за брзината со која се движат возилата во полошкиот регион, вчера открила 33 пречекорувања на брзината. Од нив 25 биле воТетовско и осум во Гостиварско. Низ населените места откриени се 12 пречекорувања, а 13 надвор од населено место. Меѓу откриените имало и возачи кои ја пречекориле брзината за 50, односно 70 километри на час над максимално дозволената брзина.
– На сите прекршители изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со парична глоба од 45 до 400 евра во денарска противвредност. Зависно од големината на пречекорената брзина, на возачите времено ќе им бидат одземени и дозволите во период од три месеци до една година,изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Покрај ова, во контролите откриени се и шест возачи кои управувале без положен возачки испит, и двајца возачи-почетници.
Контролите ќе бидат интензивирани и во наредниот период бидеќи, како што нагласува Јосифоски, неприлагодената брзина и минатиот месец беше причина број еден за најголемиот број сообраќајни несреќи кои се случиле на тетовското подрачје