Фудбалерите на Барселона и Реал Мадрид одиграа нерешено, 1:1 на првиот полуфинален натпревар од Купот на Шпанија.
Реал Мадрид одлично го отвори натпреварот со голот на Лукас во 6-та минута. Избраниците на Солари продолжија со добрата игра и после постигнатиот гол, меѓутоа не успеаа по втор пат да го совладаат Тер Штеген. На другата страна голема шанса во 32-ра минута имаше Иван Ракитиќ кој после ударот, топката заврши во пречката.
Во вториот дел Барселона конечно влезе во ритам и дојде до израмнување во 57-ма минута кога Малком искористи една топка и ја смести во голот на Навас.
До крајот, резултатот не се менуваше, па конечната одлука за патниот во финалето ќе падне на реваншот кој што 27-ми февруари се игра на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.