Рускиот пилот Јарошенко ќе биде префрлен во нов затвор во САД?

Рускиот пилот Константин Јарошенко, кој е затворен во САД, најверојатно ќе биде префрлен во нов затвор, се вели во соопштението на рускиот Генерален конзулат во Њујорк, пренесува „Спутник“.

„Размислуваме за можноста да го пренесеме Јарошенко во друга федерална поправна установа, за да му ги подобриме условите за живот”, се вели на страницата на конзулатот на Фејсбук.

Во јуни минатата година Јарошенко беше префрлен од затворот „Форт Дикс“ во американската држава Њу Џерси во поправната установа „Данбери“ во Конектикат.

Генералниот конзулат соопшти дека ги испитува медиумските извештаи за несоодветниот медицински третман обезбеден од затворските власти во „Данбери“ и најави посета на Јарошенко во блиска иднина. Руските дипломати последно го посетија Јарошенко во ноември, по извештаите дека неговото здравје се влошува.

Јарошенко прво се пожалил на здравствени проблеми на почетокот на 2014 година во затворот „Форт Дикс“, но лекарски преглед му бил дозволен дури по многу поднесени барања од неговите адвокати и од руските власти.

Во јануари 2016 година, Јарошенко имаше непланирана операција по која едвај можеше да оди поради силната болка, а еден американски лекар подоцна изјави дека операцијата била неуспешна. Пилотот имал уште една операција во декември 2017 година што била успешна, вели неговата сопруга Викторија.

Генералниот конзулат соопшти дека ќе продолжи да ги брани законските права на Јарошенко, вклучувајќи го и правото на соодветна медицинска нега.

Јарошенко беше уапсен во Либерија во 2010 година и осуден следната година во САД на 20 години затвор под обвинение за заговор за увоз на дрога. Во 2016 година, Апелациониот суд во Њујорк одби да му ја ревидира казната

Треба да знаете
Последни објави