Уапсени тројца осуденици за издржување на казна затвор

Гостиварец, тетовец и струмичанец кои се барале со судска наредба за издржување на казна затвор биле уапсени вчера и завчера, информира МВР.

Вчера вечерта во тетовското село Боговиње бил уапсен Н.И.(25) од истото село, кој со наредба од затворот „Идризово“  се барал за доиздржување на затворската казна, откако претходно не се вратил од викенд.

Полицијата вчера на пладне го уапсила А.М. (59) од гостиварското село Корито, кој се барал за издржување на казна затвор од три години за кривичното дело разбојништво. По апсењето А.М. бил предаден е во затворот во Тетово.

Претходниот ден бил приведен Б.А.(33) од струмичкото село Висока маала кој се барал за издржување казна затвор за кривично дело загрозување на безбедноста во сообраќајот. Осуденикот бил спроведен во затворот во Струмица.

Треба да знаете
Последни објави