Европската унија нема повторно да го отвори договорот за Брегзит, како што побара Лондон, но промени можат да се направат во придружна политичка декларација, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер на денешната средба со британската премиерка Тереза Мај.
– Претседателот Јункер истакна дека ЕУ27 нема повторно да го отвори договорот за повлекување, се вели во заедничката изјава на Јункер и Меј, објавена по разговорите во Брисел.
– Претседателот Јункер сепак ја изрази својата отвореност да додаде текст на политичката декларација договорена од страна на ЕУ27 и Велика Британија, со цел да бидат поамбициозни во однос на содржината и брзината кога станува збор за идните односи меѓу Европската унија и Велика Британија, се додава во соопштението.
Тие даваат зелено светло за нови преговори меѓу Лондон и Брисел. Секое решение ќе мора да биде одобрено од Европскиот парламент и од земјите-членки, се истакнува во пишаната изјава.
Јункер и Меј се обврзале и дека повторно ќе се состанат пред крајот на февруар