Бројот на жртви од грип во Романија достигна 92, според податоците на Националниот центар за контрола на заразни болести при Националниот институт за јавно здравје (ИНСП).
Последната жртва е 64-годишен маж од округот Констанца, за кој е потврдено дека имал вирус од типот А, објави „Аџерпрес“.
Човекот имал хронична медицинска состојба и не бил вакциниран против грип.