Обичајот на некој да му кажете “на здравје” има неколку извори, но има иста идеја: со тоа што ќе ѝ го кажеме тоа на личноста која ќе кивне ние ја штитиме од можна смрт предизвикана од стопирање на работата на срцето.
Поради тоа сè поголемо интересирање буди врската помеѓу кивањето и срцето. Кивањето всушност е одбранбен механизам кој е програмиран да го прочистува нашиот нос и другите штетни честички.
Кога внатрешноста на носот е иритирана, ги затвараме очите, длабоко земаме воздух, нашите мускули на градите и белите дробови го исфрлаат воздухот со голема брзина надвор низ носот и со тоа го чисти од сè што телото го смета за непотребно.
Митот дека срцето престанува со работа кога киваме, одлучи да го открие отоларинголог доктор.Срцето се наоѓа многу блиску до белите дробови на своето место во градниот кош. Со длабокото земање на воздух се активира долгиот нерв, кој се нарекува вагус нерв и се протега од мозокот до цревото.
Покрај многубројните задачи кои ги има да ги изврши, овој нерв му испраќа сигнал на срцето да ја успори работата. Поради тоа доколку неколку пати длабоко земете воздух, работата на срцето успорува. Иако кај некои луѓе кивањето создава чувство дека срцето престанува со работа, тоа продолжува да чука во својот нормален ритам.
Иако се случува срцето успорено да чука или да прескокнува некое отчукување, немате причина за грижа. Срцето во просек прави од 70 до 90 отчукувања во минута. Застојот на срцето додека киваме нема да предизвика проблеми, но доколку срцето престане со работа на 4 до 5 секудни доаѓа до онесвестување. Доколку потрае подолго, неопходно е да се започне со масажа на срцето и оживување пред да се повика Брза помош.