До 2021 ќе имаме возила кои самостојно се управуваат, предвидува Британската влада

Автомобилите без возач би можеле потполно да се користат на британските патишта од 2021 година, соопшти Британската влада.

Владата проценува дека до 2035 година, индустријата за автономни автомобили во Велика Британија ќе вреди 52 милијарди фунти, пишува Си-ен-ен. Сепак, целосната интеграција на овие технологии во секојдневниот живот на Британците ќе бара промени во постојните прописи и законодавство.

Велика Британија е многу ангажирана и посветена во поглед на технолошкиот напредок. Се очекува дека земјата во националниот буџет ќе предвиди средства за истражување на вештачката интелигенција и 5G технологијата кои ќе бидат од голема важност за непречено движење на автономните автомобили по државните патишта.

Ваквите напори се дел од главната цел на Велика Британија за премин кон обновливи извори на енергија. Низ целиот свет, земјите се ангажираат за слични промени, додека драстичното влијание на фосилните горива врз животната средина и климатските промени, како и придобивките од префрлање на обновливи извори на енергија, сè повеќе се истакнуваат

Треба да знаете
Последни објави