За две години над 170 сегашни и поранешни албански функционери одбиени за амерканска виза

Од јануари 2017 до јануари годинаva, на повеќе од 170 актуелни и поранешни албански функцонери, осомничени за корупција, и на членови на нивните семејства не им билe издадени виза од Амбасадата на САД.

Американската амбасада за тиранскиот весник „Панорама”, ги негира тврдењата дека ги поништила визите на сите јавни службеници и побарала повторно да аплицираат, но потврди дека на неколкумина од нив им биле поништени веќе издадените визи.

Во писмениот одговор на Амбасадата се наведува дека таа продолжува да ги применува своите широки овластувања да не издава или да поништи визи врз основа на информации дека некој поединец не е добредојден во САД и ќе продолжи да го користи ова право, со цел да придонесе за унапредување на напорите во борбата против корупцијата во Албанија.

Амбасадат,а исто така, наведува дека сомнежите за корупција ги сфаќа сериозно и дека ќе продолжи со дополнителна контрола да се разгледуваат веќе издадените визи и барањата за визи на јавните службеници.

– Ставот на Американската амбасада против корупцијата и нејзината намера да не им дозволи влез во САД на актуелни и поранешни корумпирани албански функцонери останува непроменет, стои во одговорот.

Треба да знаете
Последни објави