Обвинението за случајот да биде одбиено бидејќи СЈО доцнело 25 дена и го пропуштило рокот за истото
„Истече рокот СЈО да биде овластен тужител за предметот „Тортура“ уште пред 25 дена. Предметот е преземен од редовното Јавно обвинителство на 4.12.2015, а обвинителниот акт е поднесен на 29.6.2017„ рече обвинетиот Сашо Мијалков на денешното рочиште за слулајот „Тортура“ во Основниот суд Скопје 1. Обвинетиот преку адвокатите побара одбивателна пресуда за овој случај.
Одбраната се повика на начелното правно мислење на Врховниот суд од 30 јануари 2019, според кое рокот за поднесување на обвиненија од страна на СЈО може да биде само 18 месеци од преземањето на предметите и бомбите од страна на СЈО.
Судот експресно го одби барањето на адвокатите и обвинетите бидејќи ваков тип на приговор требало да поднесат кога Кривичен ја оценувал основаноста на обвинението.
Во „Тортура“, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и уште шестмина припадници на алфите се обвинети за нечовечно постапување и омаловажување при апсењето на Љубе Бошкоски во тогашна истрага за незаконско финансирање на изборна кампања.