Општина Струмица го објави конкурсот за поддршка на спортските клубови и здруженија во општината, како и за месечна подршка на тренери во спортските клубови. Вкупната подршка од буџетот изнесува 13,5 милиони денари.
Месечната поддршка за 10 тренери ќе изнесува 5.000 денари, а кандидатите мора да докажат дека се дел за регистрирани натпревари и ранг на натпреварување.
Спортските клубови, здруженијата и тренерите може да аплицираат до 12 овој месец, а на јавниот повик може да конкурираат субјекти кои дејствуваат на територијата на Струмица и кои немаат добиено одредена дотација по програмата за активности во областа на спротот и младите за 2019 година. Клубовите треба да бидат регистрирани, да го потикнуваат дадениот спорт и да ја реализираат утврдената програма и спроведуваат систем на натпревари.