Пет лица загинаа во експлозија на гас во рудник за јаглен, кој не е во функција во јужноафриканската покраина Мпумаланга, а неколку се блокирани, соопшти денеска полицијата.
Државната телевизија САБЦ јави дека 20 лица уште се блокирани под земја во рудникот во Мидлбург, а напорите на спасувачките екипи се попречени од високото ниво на отровен гас под земја.
Рудникот е во сопственост на компанија за истражување на природни ресурси „Тегет”, која е под кредиторска заштита откако нејзините сопственици, браќата Гупта, се оневозможени да работат во Јужна Африка поради тужба за корупција.
– Неколку лица влегле во рудникот вчера попладнето по локално време за да карадат бакарни жици, со кои рудникот се снабдувал со електрична енергија поради осветлување и вентилација, кога гасната цевка експлодирала, изјави полицискиот портпарол Леонард Хлати.
Браќата Гупта се обвинети за незаконско влијание на поранешниот претседател Џејкоб Зума поради политички именувања и склучување на договори.