Несреќниот Емилијано Сала никогаш нема да заигра за Кардиф. По ужасната авионска несреќа во која најверојатно младиот фудбалер загина, неговиот претходен клуб Нант се заканува со тужба за велшкиот клуб, иако уште не е најдено телото на Аргентинецот.
Од Нант минатиот четврток бил пратен мејл во кој се бара исплата на договорената отштета и упатена е закана за преземање понатамошни мерки ако во рок од 10 дена не биде исплатена првата од трите рати за трансферот на Сала.
Од друга страна, Кардиф реши да стопира сѐ додека не се утврди кој е виновен за трагедијата, а британскиот весник Mirror пишува дека од велшкиот клуб се подготвени да ги исполнат своите обврски.
Исто така, од клубот се огорчени што во вакви моменти се упатуваат закани.
Најдени се остатоци од авионот со кој леташе Сала, но меѓу низ најдено е само едно тело и не се знае дали е на Сала или на пилотот Дејвид Ајботсон. Операцијата уште е во тек.
Остатоците од авионот беа најдени во неделата на дното на Англискиот канал како дел од приватно финансираната потрага вредна 300.000 евра што се протега на површина од 4 квадратни милји.