Фатен џепчија кој ограбувал патници во ЈСП

Џепчија кој оперирал во автобусите на ЈСП бил уапсен од полицијата. Станува збор за Б.Ј.(43) од Скопје, осомничен за четири кражби.

Како што информира полицијата, кривичните дела биле извршени изминатиот викенд.  Првата кражба била извршена во автобус на ЈСП број 22 кога од патничка бил одземен паричник во кој имало 7.000 денари и документи.

Второта кражба била извршена во месара на Зелено пазарче кога од оштетениот бил одземен паричник во кој имало околу 40.000 денари. Третиот случај бил при качување во приватен автобус број 22 кога од оштетениот бил одземен мобилен телефон.  Последниот случај бил при качување во автобус број 7, при што бил одземен паричник со разни документи, банкарски картици и друго.

Поротив крадецот ќе биде поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави